Богдановиќ го наполни кошот на бившиот шампион (ВИДЕО)

133

Богдан Богданови беше најефикасен на мечот меѓу Атланта и Милвоки, успеа да постигне повеќе поени дури и од Јанис Адетокумбо, но за жал тоа не беше доволно за нов триумф. Бакс победија со 122:113. Уште еднаш Атланта имаше одлична офанзивна вечер, но ништо не одбрани.

Капитенот на српската репрезентација постигна дури 38 поени со 10 скока и 4 асистенции, со шут од поле 12/23 и пет тројки. На другата страна во победничкиот табор Јанис беше најдобар со 36 поени, 16 скока и 8 асистенции. Крис Мидлтон постигна 21 поен и 6 скока и асистенции.

Во првиот вечерен меч Бостон Селтикс продолжи со одличните настапи и го совлада Њу Орлеанс Пеликанс со 104:92.  Се разигра и Орландо победи со 118:88 против Мемфис.

ПретходноТитулата во Мајами за првпат и припадна на најслабо рангирана тенисерка
СледноСтефан Ристовски во свој стил – се качи на оградата и направи шоу со „Бед Блу Бојс“ (ВИДЕО)