Шпанските и француските медиуми се се поуверени дека Килијан Мбапе на крајот на сезоната ќе го напушти ПСЖ и кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид. Тренерот на парискиот тим Луис Енрике тврди дека тоа не е сигурен во тоа и открива што би можело да го одврати Мбапе и да го условува неговиот престој во Париз.
“Се надевам дека Килијан ќе се предомисли. Да замислиме дека ќе ги освоиме сите четири титули оваа сезона, а тој во последен момент одлучи да остане. А што ако одлучи да остане, дека Париз е неговиот дом? Зошто да не? Ќе видиме“, рече Енрике.
Мбапе има валиден договор со ПСЖ до крајот на сезоната. За францускиот шампион во оваа натпреварувачка година постигна 38 гола на 37 натпревари и има седум асистенции. Вкупниот број за ПСЖ е 250 гола и 106 асистенции на 297 одиграни натпревари.