Денвер откри дали Јокиќ ќе игра и покрај повредата

246

Најдобриот кошаркар на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ се пожали на повреда на левата рака, заедно со болки во колкот по мечот со Минесота.

„Имам голема верба во медицинскиот дел на тимот и лекарите, па ќе видиме. Се надевам дека ќе бидам подобар, барем толку многу за да не чувствувам болка секогаш кога ќе шутирам. Навикнат сум на болка, тоа ми стана нормално“, изјави Јокиќ по поразот од Тимбервулфс во Колорадо.

Следува средба со Кливленд Кавалирс, Нагетс го објавија извештајот за повредениот играч пред средбата со тимот од Истокот.

Во извештајот се наведува дека Никола Јокиќ најверојатно, речиси сигурно, ќе го одигра овој дуел. Неговиот главен партнер во нападот Џамал ​​Мареј е под знак прашалник поради повреда на десното колено.

Нагетс се борат за првото место на многу силен Запад со конкуренција на Минесота и Оклахома.

ПретходноИграчите на Брегалница имаат премија од 20.000 евра ако ја победат Шкендија?!
СледноКалвин Филипс им покажа среден прст на фановите на Вест Хем! (ВИДЕО)