Иако има само 16 години, во јули ќе наполни само 17, Ламине Јамал не само што е ѕвезда во својата Барселона туку и во светскиот фудбал. ПСЖ за него понуди неверојатни 200 милиони евра, а тинејџерот само што дебитираше за селекцијата на Шпанија, но затоа во Барса е главна фаца.
Па така за месец март, неговиот дрес бил втор најпродаван од сите играчи на каталонската гордост, пред него сеуште е дресот на Роберт Левандовски.
Јасно е дека многу брзо дресот на Јамал ќе биде повеќе продаван и од оној на полскиот напаѓач.