Не е тајна дека Брегалница денеска во Тетово и тоа на гости кај Шкендија, ја чека тешка задача. А бодовите се неопходни ако се сака да се продолжи сонот за изборување на опстанокот.
Па така во пресрет на овој меч, кој започнува во 15 часот, неофицијално дознаваме дека играчите на штипскиот прволигаш ќе добијат премија од 20.000 евра од страна на раководството на клубот, да си ја поделат оваа сума, ако во случај успеат денеска да слават под Шара.