Македонецот Никола Секулов синоќа дебитираше за Јуве во Серија А!

4581

Конечно, Македонецот Никола Секулов (22) синоќа на мечот на „Олимпико“ во Рим, го имаше своето деби во дресот на Јуве во Серија А. Резултатски неуспешно деби ако се знае дека домашниот состав на Лацио успеа да слави со 1:0 и тоа со гол во третата минута од судиското продолжение.

Македонскиот офанзивец влезе во игра во 80.минута на местото на Мојсе Кин, при резултат 0:0.

Во отсуство на неколку стандардни играчи, стратегот Макс Алегри го стави во протоколот Секулов за оваа средба и ете, му даде шанса да одигра десетина минути во Серија А за првпат во својата кариера.

Да потсетиме дека Секулов на времето важеше за голема надеж на македонскиот фудбал, играше и за репрезентацијата на Македонија до 17 години, но се откажа од Македонија и продолжи да игра за младите селекции на Италија.

Никола Секулов е роден во Пјаченца на 18 февруари 2002 година.Неговите родители се од Струмица, беше на позајмица во Кремонезе до пред два месеци, а сега е член на тимот на Јуве до 23 години.

ПретходноГрчкиот ѕвер му ја исполни желбата на Србинот (ВИДЕО)
СледноАлкараз сакаше да го стигне Новак, но сега му се подготува пад!