Синоќа Барселона, со голот на Рафиња, го победи Лас Палмас и ја продолжи својата супер серија која, интересно, започна откако Чави Ернандез рече дека по завршувањето на сезоната тој ќе си оди.
Од тогаш па наваму, Барса во Ла Лига има 7-2-0, сега во серија од пет средби без да прими гол, а да не заборавиме дека го мина и Наполи во 1/8 финалето во Лигата на Шампионите.
Овој скор ја прави Барселона, според резултатите, најдобар тим во Европа. Сега е во битка со Реал за титулата во Ла Лига а во 1/4 финалето има шанси преку ПСЖ да дојде и до полуфиналето во ЛШ.
Значи шок – терапијата на Чави во целост успеа.
Сега останува прашањето дали Чави навистина ќе си оди во јуни, или ќе остане.
Останува да го дочекаме крајот на сезоната.