ПМФЛ: Голчиште на Олаосебикан за победа на Брера, Шкендија триумфално, “лавовите“ го понижија Гостивар!

1243

Попладнево се одиграа четирите натпревари од 25.коло во ПМФЛ.

Брера победи со 2:1 против Работнички, кој еве врза четири порази во серија, и тоа благодарение на прекрасниот гол на Ибрахим Олаосебикан во 74. минута за 2:1. Гостите поведоа со 0:1 со голот на Мазари од пенал, израмни Стамениќ.

Со овој пораз Работнички и тоа како треба да стравува за опстанокот. Садик во 90.минута имаше шанса за 2:2, но ништо.

 

Шкендија покажа кој е кој на својот стадион под Шара и тоа со победа над Брегалнива и тоа со 4:1. Тетовци доминираа, се виде дека едноставно се далеку подобар тим и со головите на Крстевски, Адеми, Шаља и Аганспахиќ успеаја да дојдат до голема и убедлива победа. Брегалница немоќна, со овој пораз сега тимот од Штип е последен на табелата. Голот за гостите го постигна Селмани, екс играчот на Шкендија.May be an image of 2 people, people playing soccer, people playing football and text

Струга ТЛ со 3:1 ја совлада Воска.

Чудо во Гостивар. По цели 6,5 месеци конечно и Гостивар е поразен и тоа од Македонија ЃП со 1:4. Интересно, Гостивар на 17 септември минатата година токму од Македонија ЃП за последен пат беше поразен.

РЕЗУЛТАТИ ЗА 25.КОЛО

БРЕРА – РАБОТНИЧКИ 2:1

(Стамениќ 30., Олаесебикан 74./Мазари (п) 13.)

ГОСТИВАР – МАКЕДОНИЈА ЃП 1:4

(Кехинде (п) 30.,/Велкоски (п) 14, Стоилов 43., Балотели 57. Величковски 90+2.)

ШКЕНДИЈА – БРЕГАЛНИЦА 4:1

(Крстевски 6., Адеми 17., Шаља 55., Аганспахиќ 89./Селмани 78. )

СТРУГА ТЛ – ВОСКА 3:1

(Ибраими (п) 56, 80.,Укпа 60,/Марушиќ 63.)

ВЧЕРА

ШКУПИ – ВАРДАР 3:0

ТИКВЕШ – СИЛЕКС 1:1

ПретходноОткако Чави рече дека ќе си оди, неговата Барса е најдобра во Европа!
СледноШампионот ја збриша Воска, повторно за +3: Бесарт со 195 гол во ПМФЛ, Дуро со 500 меч во кариерата! (ФОТО)