ПМФЛ: Работнички на гости кај Брера, шампионот против својот некогашен тренер, Шкендија ја дочекува Брегалница…

113

 

Попладне од 15 часот на програмата се четири меча од 25.коло во ПМФЛ. Како што се наближува самиот финиш на овој шампионат, така веќе нема простор за кикс, секој меч, секој гол и бод се екстра важни.

Работнички на последните три средби забележа три порази. Против Вардар, Шкупи и Струга ТЛ одигра добро, но поради слабата реализација ги губеше натпреварите. Денеска ќе има тешко гостување кај Брера во Трурново. И двете екипи имаат по 27 бода, и двете екипи грчевито се борат да го избегнат најлошото.

Струга ТЛ ја дочекува Воска. Меч кој е интересен и од друг аспект. Шампионот за првпат ќе игра против тим предводен од некогашниот стратег на стружани, Срѓан Захариевски.

Шкендија ја дочекува Брегалница под Шара. Меч кој е екстремно важен за двете екипи. Тетовци со победа и натаму колку толку се во игра за титулата, додека Брегалница ако сака да го продолжи сонот дека може да избори опстанок ќе мора да победува на гости. Па и кај силната Шкендија.

И во Гостивар се среќаваат домашниот Гостивар или тимот наречен “Х“, зошто на 24 средби одиграл дури 11 пати нерешено и нема пораз од септември минатата година, и составот на Македонија ЃП. Ова е се чини дека е последна шанса за “лавовите“ да фатат приклучок со тимовите кои се надеваат дека ќе го избегнат најлошото.

Во случај на пораз и денеска, тогаш “лавовите“ може слободно да се пакуваат за преселба во ВМФЛ.

Вчера Шкупи го победи Вардар со 3:0, а Тиквеш и Силекс одиграа 1:1.

ДВОЈКИ ЗА 25.КОЛО – ДЕНЕСКА (15 Ч)

Брера – Работнички

Струга ТЛ – Воска

Шкендија – Брегалница

Гостивар – Македонија ЃП

ВЧЕРА

Шкупи – Вардар 3:0

Тиквеш – Силекс 1:1

ТАБЕЛА

Струга ТЛ 51, Шкупи 51, Шкендија 45, Силекс 36, Тиквеш 33, Гостивар 32, Брера 27, Работнички 27, Воска 27, Вардар 26, Брегалница 22, Македонија ЃП 21..бодови

ПретходноДали Енрике најави можен пресврт околу Мбапе?
СледноИванишевиќ од Новак заработи вистинско богатство со милионски бонуси