Завршија првите полувремиња на денешните средби од 25.коло во ПМФЛ.
Во Турново, Брера и Работнички играат 1:1. Мазари во 13.минута од пенал му донесе водство на гостинот, за да во 30.минута Стамениќ по еден голем кикс на гостинската одбрана донесе израмнување.
Струга ТЛ беше надмоќна на “Езерското дерби“ против Воска, имаше и неколку шансим, но на пауза се замина со тие почетни 0:0.
Шкендија со головите на Крстевски и Адеми има убедливо водство од 2:0 против Брегалница.
Во Гостивар изненадување. Македонија ЃП води со1:2.Велкоски од пенал и Стоилов со прекрасен шут стрелаа за гостите, додека Кехинде од пенал израмни на 1:1.