ПСЖ подобар од Марсеј во француското „Класико“

134

Марсеј беше без пораз на последните 19 натпревари на својот „Велодром“, но на таа серија и дојде крајот. Вечерва од култниот стадион на Марсеј со победа си замина Пари Сен Жермен кој славеше во француското „Класико“ со 2:0.
Во првото полувреме беше видена груба игра во која фудбалерите на ПСЖ добија четири жолти картони, а Бералдо беше исклучен. Со 10 играчи во поле ПСЖ го отвори вториот дел и во 53 минута поведе преку Витиња (ГОЛОТ НА ОВОЈ ЛИНК).
Во 79 минута Обамејанг можеше да изедначи, но Донарума му го одбрани шутот.
Во 86 минута Гонкало Рамош постигна убав гол за конечни 2:0 (ГОЛОТ НА ОВОЈ ЛИНК)
Ова е петта победа по ред на ПСЖ над Марсеј во Лига 1.
На табелата ПСЖ е лидер со 62 бода од 27 натпревари, а Марсеј е седми со 39 бодови.

ПретходноРој Кин со критика за Халанд: Играта му е на ниво на играч од четвртата лига
СледноРеал направи нов чекор кон титулата – во Мадрид падна Атлетик Билбао