Од вчера селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси е во паника. Нималку добра поточно ужасна вест од С. Арабија, каде Александар Митровиќ, најдобриот фудбалер на Србија во меч за својот Ал Хилал се повреди и мораше да го напушти теренот. Претходно Митро-гол постигна два гола на средбата со Ал Шабаб. Сепак во 30.минута Србинот само падна на теренот, му се укажа лекарска помош а потоа беше изнесен од теренот.
Станува збор за повреда на задната ложа, ама со сигурност не се знае колкава ќе биде паузата.
Да потсетиме ЕУРО 2024 почнува на 14 јуни, а Србија е во група со Англија, Данска и Словенија.
Aleksandar Mitrović vient de se blesser !!!
Saleh Al Shehri le remplace. pic.twitter.com/m3FKFFQkz7
— SPL 🇸🇦 (@ActuSPL) March 30, 2024