Фантастичниот Столе со чиста мрежа, Рајо со бод кај Селта! (ВИДЕО)

132

Нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевски уште еднаш покажа зошто е еден од најдобрите голмани во Ла Лига. Попладнево во меч од 30.коло во Ла Лига, Столе успеа на гостувањето кај Селта да ја сочува својата мрежа и неговиот тим да дојде до 0:0, да освои голем бод. Посебно треба да се истакне неговата интервенција во 37.минута кога спаси чист гол. Фантастична интеревенција беше тоа, и тоа со нога.

Треба да се каже дека имаше и малку среќа, ако се знае дека во 90+8.минута домашните ја погодија пречката на Столе, милиметри недостигаа за да се совлада македонскиот голман.

ПретходноПолувреме: 1:1 е во Турново, во Струга без голови, Шкендија убедлива, “лавовите“ со водство! (ФОТО)
СледноОткако Чави рече дека ќе си оди, неговата Барса е најдобра во Европа!