Хадис Таири пред дуелот со Воска: Уверени сме дека бодовите остануваат во Струга

63

Денеска во 15 часот на стадионот во Струга, во „Езерското дерби“, Струга ТЛ во меч од 25.коло во ПМФЛ, го дочекува составот на Воска. Тоа ќе биде меч од голема важност за шампионот, ако се знае дека вчера Шкупи победи со Вардар и се израмни бодовно со лидерот, но Струга ТЛ со победа над Воска повторно ќе има +3 бода во битката за титулата.

Хадис Таири (18), младиот офанзивен лев бек на Струга ТЛ, во пресрет на денешниот меч против тимот некогашниот стратег на стружани, Срѓан Захариевски, истакнува:

„Како и секој друг натпревар така и овој е многу важен за нас. Целосно сме уверени дека трите бода остануваат во Струга. Јасно е дека е потребна целосна концентрација во текот целиот меч, треба да се одигра максимално. Треба да се победи, да се продолжи победничката серија“ посочи Таири.

ПретходноСтефан Ристовски во свој стил – се качи на оградата и направи шоу со „Бед Блу Бојс“ (ВИДЕО)
СледноДали Енрике најави можен пресврт околу Мбапе?