Струга ТЛ денеска на свој терен ја победи Воска со 3:1 во меч од 25.коло во ПМФЛ. Се беше убаво за шампионот, останува само тагата дека со нив не беше нивниот соиграч Бесмир Бојку, кој по тешката повреда и операцијата е на домашна рехабилитација.
Но, Ибраими, Радески и останатите не го заборавија Бојку, оваа денешна победа му ја посветија нему со покажување на дресот со бр.10, дресот на Бесмир Бојку.