Ужасни вести за Пикси: Дали Србија ќе мора на ЕУРО 2024 без својот најдобар фудбалер?! (ВИДЕО)

435

Од вчера селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси е во паника. Нималку добра поточно ужасна вест од С. Арабија, каде Александар Митровиќ, најдобриот фудбалер на Србија во меч за својот Ал Хилал се повреди и мораше да го напушти теренот. Претходно Митро-гол постигна два гола на средбата со Ал Шабаб. Сепак во 30.минута Србинот само падна на теренот, му се укажа лекарска помош а потоа беше изнесен од теренот.

Станува збор за повреда на задната ложа, ама со сигурност не се знае колкава ќе биде паузата.

Да потсетиме ЕУРО 2024 почнува на 14 јуни, а Србија е во група со Англија, Данска и Словенија.

ПретходноДве плеј-оф пресметки кои можат да донесат промени на табелата!
СледноАлбанските фудбалери од сезоната 2024/25 во Италија ќе играат како домашни играчи!