Нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевски уште еднаш покажа зошто е еден од најдобрите голмани во Ла Лига. Попладнево во меч од 30.коло во Ла Лига, Столе успеа на гостувањето кај Селта да ја сочува својата мрежа и неговиот тим да дојде до 0:0, да освои голем бод. Посебно треба да се истакне неговата интервенција во 37.минута кога спаси чист гол. Фантастична интеревенција беше тоа, и тоа со нога.
⏳ ¡Descanso en Vigo! La mejor ocasión se la apuntamos a Larsen. #LALIGA
➡️ Celta de Vigo 0-0 Rayo Vallecanopic.twitter.com/fxuRUJZrkp
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) March 31, 2024
Треба да се каже дека имаше и малку среќа, ако се знае дека во 90+8.минута домашните ја погодија пречката на Столе, милиметри недостигаа за да се совлада македонскиот голман.