Откако ја раскина соработката со Горан Иванишевиќ, најдобриот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, засега тренира со Ненад Зимоњиќ.
Се разбира дека е голем предизвик да се биде тренер на Новак, сега сите се “местат“ што се вели, па така и еден Џими Конорс (71), легендарниот некогашен тенисер кој освои 109 АТП турнири и важи за еден од најтрофејните во историјата.
Конорс во својот подкаст покрај другото истакна:
“Ја одамна не сум во светот на тенисот, одамна не сум бил тренер некому, но ако се укаже шанса, тоа секако дека би била голема чест за мене да му бидам тренер на Новак“.