Интересен меч со шест гола одиграа Штутгарт и Хајденхајм во 27 коло на Бундес лигата. Штутгарт водеше со 2:0 до 62 минута со головите на Ѓираси и Стилер, а потоа гостите направија пресврт.
Се тргна со автоголот на Нибел, во 84 и 85 минута Клајнденст со два гола му носи водство на Хајденхајм од 2:3.
Се отиде во судиското продолжение во кое гостинскиот играч Доведан доби црвен картон, а во 98 минута новиот германски репрезентативец Дениз Ундав ја затресе мрежата и спаси бод за „швабите“.
Штутгарт е трет на табелата со 57 бода, а Хајденхајм е на место број 11.
ГОЛОВИТЕ ОД МЕЧОТ ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ НА ОВОЈ ЛИНК