Љупчо Дориев продолжува со одличните игри во дресот на Согдиана, во првенството во Узбекистан. Така и викендов, иако не постигна гол, нашиот офанзивец беше еден од клучните играчи во својот тим на гостувањето кај Пахтакор, на кој Согдиана победи со 2:3.
Па затоа сите медиуми во Узбекистан го ставија нашиот репрезентативец во тимот на колото.