Евертон пријави загуба од речиси 90 милиони фунти, може повторно да биде казнет

96

Евертон пријави загуба од 89,1 милиони фунти за сезоната 2022/23, што е речиси двојно повеќе од финансискиот извештај една година порано. „Карамелите“ во моментов го чекаат исходот од нивната жалба против второто обвинение за прекршување на правилата за одржливост на Премиер лигата.
Според извештајот што го објави клубот, зголемените загуби се должат на прекинот на партнерството со руските компании УСМ Холдингс, МегаФон и Јота по почетокот на војната во Украина.
За Евертон ова е шеста година по ред со финансиска загуба, а само во последните три сезони „сините“ се минус 255 милиони фунти. Минатата сезона загубите беа 44,7 милиони фунти. За ваквите загуби на клубот веќе му беа одземени 10 бода, иако казната подоцна беше намалена на четири. Сепак, клубот може да загуби повеќе бодови во блиска иднина.

ПретходноЛече имаше 27 шута на гол, но не успеа да ја победи Рома
СледноРајковиќ и ЦСКА ја прекинаа серијата порази во ВТБ лигата