Фудбалерите на Интер остварија нова, сигурна победа во италијанскиот шампионат совладувајќи ја екипата на Емполи со 2:0. Навивачите на “Џузепе Меаца” одлично ја пречекаа својата екипа и имаа можност да уживаат во одлична игра на своите миленици.
Резултатот го отвори Федерико Димарко уште во 5-тата минута по одлична асистенција на Дармиан. Со резултат 1:0 екипите заминаа на пауза а во вториот дел Интер продолжи да реди шанси и Алексис Санчез донесе втор гол за домаќините во 81-та минута.
Со оваа победа Интер останува на лидерската позиција во Серија А и на осум натпревари до крај има предност од 14 бода пред второпласираниот Јувентус.