Јаник Синер и дефинитивно е новата голема ѕвезда во светот на тенисот. Со победата над Григор Димитров синоќа во финалето на турнирот во Мајами, и тоа со 2:0 во сетови, Италијанецот за првпат во својата кариера ќе се најде веднаш зад Новак Ѓоковиќ на АТП листата, Карлос Алкараз падна на третата позиција.
Инаку Синер многу брзо го реши Бугаринот за титулата во Мајами, првиот сет го доби со 6:3 во сетови, додека во вториот беше уште поубедлив и тоа со 6:1. Финалето траеше само 75 минути.
Ова беше 13-та победа во 17-тото финале во кариерата за Синер.