Екипата на Атлетико Мадрид успеа да извојува тешка, но многу важна победа со 1:2 против екипата на Виљареал во 30-тото коло од шпанската ла лига.
Мечот кој вечерва се одигра на стадионот “Де ла Серамика” пружи многу неизвесност и голем број на шанси. Резултатот го отвори Витсел со гол во 9-тата минута. На 1:1 израмни Александар Сорлот во 50-тата минута, а полниот плен за Атлетико го обезбеди Саул Нигез во 87-та минута.
Со овие три бода Атлетико остана во борбата за место во првите четири, со што сега има два бода повеќе од петопласираниот Атлетик Билбао.