Едноставно: Јокиќ е кралот на кошарката! Блескаше и Дончиќ! (ВИДЕО)

1440

Кога ќе помислиш дека не може подобро, Никола Јокиќ повторно изненадува и повторно игра подобро. Така и синоќа кога Србинот успеа да дојде до нов трипл-дабл, вкупно 23-ти оваа сезона во НБА.

Јокиќ заврши со 26 поени, 18 скокови и 16 асистенции против Кливленд, нестварни бројки.

Се разбира дека Денвер на Јокиќ победи на овој меч со 130:101.

Блескаше и Лука Дончиќ, кој за својот Далас учествуваше во победата против Хјустон (125:107) со 47 поени.

На останатите мечеви се постигнаа следните резултати:

Бруклин – ЛА Лејкерс 104:116, Шарлот – ЛА Клиперс 118:130, Торонто – Филаделфија 120:135, Вашингтон – Мајами 107:119, Минесота – Чикаго 101:109, Њујорк – Оклахома 112:113, Сан Антонио – Голден Стејт 113:117, Сакраменто – Јута127:106.

ПретходноСинер сега е втор на АТП листата!
СледноЛеброн го израмни својот рекорд во погодени тројки! (ВИДЕО)