Интер ќе инкасира милиони во клупската каса во зависност од резултатите на Олимпик Марсеј во француската Лига 1. „Нероаѕурите“ го испратија на позајмица во Марсеј, Жоакин Кореа. Во договорот стои клаузула според која Марсеј ќе мора да му исплати на Интер 10 милиони евра доколку заврши на едно од првите четири места во Лига 1, со други зборови доколку избори пласман во ЛШ идната сезона. Плус Аргентинецот ќе потпише постојан договор со клубот од „Велодром“.
Марсеј има турбулентна сезона, го смени тренерот, моментално е на седмото место со четири бода помалку од Топ 4 на осум натпревари до крајот на сезоната.