Неверојатно: Гостите играле со 9 играчи па загубиле 32:2!

252

Неверојатна вест доаѓа од Хрватска. Во еден тамошен регион, екипата на Хрватски бојовник победила со 32:2 (16:0). Интересно е тоа што гостите, тимот на Полет, цел меч го играле со 9 играчи па затоа им се случила катаклизма. Некој друг секако дека нема да истрчал на терен и би загубил со службени 3:0, но не и тимот кој досега има гол разлика во таа лига од 3:134.

Кај победничкиот тим најефикасен бил Хорват со 14 постигнати голови.

Ова по малку потсетува на оние времиња од пред 40 години кога во Македонија во охридско се победуваше и со 100 и повеќе разлика, што беше своевиден светски фудбалски скандал.

ПретходноКаква гримаса: Она кога Мбапе се чуди дека мора да го напушти теренот! (ВИДЕО)
СледноПеп Гвардиола: Ливерпул е најголем фаворит за титулата во ПЛ!