Партизан му нуди на Обрадовиќ нов тригодишен договор

336

Неколку пати искусниот Жељко Обрадовиќ потврди дека сака да остане во Партизан, додека претседателот Остоја Мијаиловиќ нагласуваше дека нема дилеми околу продолжување на соработката, но навивачите не се сигурни додека тоа не се официјализира.
Според последните информации, на Обрадовиќ му е понуден тригодишен договор со опција за уште две.
„Јас не се гледам себе си на друго место освен во овој клуб. Или ќе работам тука или нема да работам. Е како ќе биде понатаму, останува да видиме“, изјави Обрадовиќ во едно од своите интервјуа во врска со Партизан.
Обрадовиќ се врати во Партизан летото 2021 година и од тогаш со овој клуб освои еден трофеј, во АБА лигата минутата сезона. Тогаш „црно-белите“ беа на чекор од фајнал фор на Евролигата.

ПретходноНавивачите на Марсеј со порака до ПСЖ: „Ишала, никогаш да не ја освоите ЛШ“
СледноРаботнички се избори за меч повеќе на домашен терен во плеј-оф полуфиналето