Одбојкарките на Работнички го добија скопското дерби со Јанта Волеј со 3:1 во последното коло од регуларниот дел од сезоната. Со тоа, шамионките во плеј-офот ќе тргнат од домашен терен, токму во серијата против Јанта Волеј, додека во второто полуфинале ќе гледаме струмичка пресметка меѓу Струмица и Наковски Волеј.
Актуелните освојувачки на Купот на Македонија, Струмица, сезоната на домашната сцена ја завршија со 19 победи и само еден пораз и како голем фаворит ќе се обидат да ја освојат и двојната круна.
Во плеј-аут делот, Младост УГД убедливо славеше против Вардар 2019, додека Вардар ЕМ обезбеди изненадувачка победа на гости кај Фит Фан Волеј.
Прва лига (жени), Втора фаза-1, 6. коло
Струмица жени – Наковски волеј 3:0 (26:16, 25:22, 25:12)
Работнички Скопје – Јанта волеј 3:1 (25:22, 17:25, 25:22, 25:22)
ТАБЕЛА: 1. СТРУМИЦА (54); 2. Работнички (38); 3. Јанта Волеј (36); 4. Наковски В. (32);
Прва лига (жени), Втора фаза-2, 6. коло
Вардар 2019 – Младост УГД 0:3 (7:25, 12:25, 8:25)
Фит фан волеј – Вардар ЕМ 0:3 (13:25, 18:25, 24:26)
ТАБЕЛА: 1. Фит Фан Волеј (33); 2. Младост УДГ (27); 3. Вардар ЕМ (16); 4. Вардар 2019 (0).