Македонската женска ракометна репрезентација е пред портите на ново Европско првенство. „Црвено-жолтите“ ги делат два меча до пласман на континенталното натпреварување, против Азербејџан на гости и против Литванија на домашен терен.
Нашите ракометарки на првите две средби дојдоа до победа, против Азербејџан славеа со 40-18, додека пак Литванија ја совладаа на гости со 31-28.
Македонија е на втора на табелата во овие квалификации, има четири бода, два повеќе од овие две репрезентации, па останува само да стави печат на европската виза.