Бесарт Ибраими вчера, со двата гола против Воска, успеа да дојде до 195 голови во ПМФЛ. Скор кој е за респект, нешто нестварно за наши услови. Но за тоа кога ќе дојде до тие 200 гола.
Вчера Бесарт покажа како треба против Воска, постигна два гола, го водеше шампионот кон нова победа.
И затоа е играч на колото според СпортСпорт. Покрај него во тимот на колото се и Укпа и Кривањева (Струга ТЛ), Стевковски, Илиевски, Стоилов (Македонија ЃП), Ристевски, Олаосебикан (Брера), Трапановски (Шкупи), Ѓорѓиевски (Силекс) и Крстевски (Шкендија)/
ИГРАЧ НА КОЛОТО
БЕСАРТ ИБРАИМИ
Тим: Струга ТЛ
Роден: 17.12.1986 во Кичево
Кариера: Влазерими, Напредок, Ренова, Шалке 04, Севастопол, Таврија, Металург Запорожје, Енозис, Шкендија, Ксанти, Струга ТЛ