Лече имаше 27 шута на гол, но не успеа да ја победи Рома

82

Фудбалерите на Лече и Рома одиграа нерешено 0:0 во меч од 30. коло од Серија А.

Едноставно беше неверојатно тоа што навивачите не видоа ниту еден гол, иако на мечот имаше преку 30 удари. Рома прилично лошо го отвори натпреварот, но за среќа на гостите Пицоли, Гало и Дорга ги пропуштија потенцијалните можности да го совладаат Свилар.

Српскиот голман беше на висината на задачата и успеа да наниже низа интервенции. Рома можеше да ги казни сите грешки на Лече во 71. минута, но резервистот Ауар иако се најде сам пред голот на домашните, не успеа да го совлада голманот Фалконе.

Лече мечот го заврши со 27 удари кон голот, но на крајот не успеа да победи.

ПретходноРаботнички се избори за меч повеќе на домашен терен во плеј-оф полуфиналето
СледноЕвертон пријави загуба од речиси 90 милиони фунти, може повторно да биде казнет