„Матни“ сопственици ја матат водата во македонскиот фудбал: Зошто полицијата и ОЈО влегоа во ФФМ?

3746

Одлуката на „Спортрадар“ организација која работи за Интерпол и УЕФА, да започне акција за сузбивање на наместени фудбалски натпревари во Македонија е очекувана со оглед на тоа дека во земјава долги години постојат групи и личности кои се занимаваат со овој криминален бизнис.

Македонските клубови долго време се во „шемата“ на ваквите личности и групи и често има големи уплати по обложувалниците на натпреварите од домашниот шампионат, но и на натпревари кои наши екипи ги играат во евро-куповите кои се во организација на УЕФА. Домашните натпревари кои се сомнителни веќе се под лупата на полицијата и „обвинителството“ а оние од меѓународен карактер се под истрага на Интерпол и УЕФА.

Зошто клубовите од Македонија често се на црните листи поради фудбалската мафија и зошто никогаш до сега немало внатрешна акција за сузбивање на очигледниот криминал кој се влече со години и години!?

Последниве неколку сеозни сведоци сме како клубови од земјава се продаваат на странски компании, но и на сомнителни бизнисмени од Турција. Како тоа зад некои клубови во земјава како спонзори и во позадина без никакви официјални функции стојат лица кои имаат криминално досие, осуденици и лица кои се на црнит листа на ЕУ!?

Очигледно е дека државните институции не поставиле параметри и проверка на спонзорствата и лицата кои се дел од фудбалските клубови во Македонија. Нема истрага околу потекло на финансиите, како истите се внесуваат во земјава и дали на црно се плаќаат играчи, тренери, судии…

И покрај акцијата на МВР и најавата за истрага на натпревари на клубовите Македонија Ѓ.П, Силекс, Шкупи, Воска и Брера, викендов фудбалската јавност поворно беше вознемирена со зачудувачки резултат на дуелот Гостивар – Македонија Ѓ.П (1:4), и натпревар со многу голови, неочекуван пораз на домашната екипа со турски спонзор и голем коефициент па и смешни реакции на фудбалери при постигнувањето на головите.

Мак-фудбалот и оние чесни екипи дозволуваат разни мешетари, сомнителни спонзори и осудени криминалци да прават комбинации кои секогаш биле фатални по големите и чисти клубови во земјава. Јавноста и познавачите на спортот се децидни дека еднаш треба да се застане на патот на ваквиот криминал во фудбалот кој е на штета на државата и фудбалската организација.

Љубителите на фудбалот се надеваат дека истрагата ќе донесе резултати и дека во идина во Македонија ќе се игра чист и добар фудбал.

Превземено од skiopjeinfo.mk

ПретходноРФМ ги отвори вратите за најважниот меч на Македонија за ЕП 2024
СледноТИМ И ИГРАЧ НА 25.КОЛО: Бесарт ја “расплака“ Воска