Навивачите на Марсеј со порака до ПСЖ: „Ишала, никогаш да не ја освоите ЛШ“

204

Во неделата се играше големото француско дерби помеѓу Марсеј и ПСЖ. Победи ПСЖ со 2:0 на „Велодром“ и со тоа граби кон нова шампионска титула. Покрај одличната пиротехника на навивачите на Марсеј, на трибините стоеше и банер за навивачите и клубот од Париз.
Од „Велодром“ се пофалија со тоа што го имаат тие, а го нема ПСЖ – трофејот на Лигата на шампионите.
Марсеј беше европски првак во 1993 година кога во финалето го победи Милан со 1:0, додека ПСЖ и покрај големите вложувања не успева во тоа. Најблиску беа во 2020 година кога во финалето во Лисабон беа совладани од Баерн со 1:0.
Ишала, никогаш да не ја освоите“, пишуваше на банерот на навивачите.

ПретходноРаботнички ја доби битката со Штип УГД за второто место
СледноПартизан му нуди на Обрадовиќ нов тригодишен договор