Изминатиов викенд на домашната одбојкарска сцена беше комплетирано и последното коло од регуларниот дел на шампионатот во машка конкуренција. Втората фаза во плеј-оф и плеј-аут зоната заврши со комплетирање на четворките кои ќе разигруваат за титулата.
Извонредно возбудливо беше во Штип, каде освојувачот на Купот, домашниот Штип УГД во пет сета загуби од Работнички и не успеа да се избори за подобра стартна позиција во плеј-оф разигрувањето. Работнички со оваа победа ќе има предност на домашен терен.
Струмица во четири сета славеше над Универзитет во Тетово, додека Лирија беше максимална кај Весна Пробиштип.
За крај на сезоната во плеј-аут делот, Македонија Џио одигра одличен меч иако загуби од Сушево со 2:3, а со победи се „одјавија“ Шкендија и ГОК Борец.
Прва лига (мажи), Втора фаза-1, 10. коло
Штип УГД – Работнички 71&22 2:3 (22:25, 27:25, 18:25, 25:10, 13:15)
Струмица 47&72 – Универзитет во Тетово 3:1 (25:20, 26:28, 25:17, 25:8)
Весна Пробиштип – Лирија 0:3 (16:25, 16:25, 19:25)
ТАБЕЛА ПЛЕЈ-ОФ: 1. СТРУМИЦА (63); 2. Работнички 71&22 (45); 3. Штип УДГ (42); 4. Универзитет во Тетово (38); 5. Лирија (32); 6. Весна Пробиштип (21).
Прва лига (мажи), Втора фаза-2, 10. коло
Македонија Џио – Сушево 2:3 (25:23, 22:25, 19:25, 25:23, 8:15)
ГОК Борец – Јанта волеј 3:0 (25:17, 25:23, 25:16)
Вардар – Шкендија 1:3 (16:25, 12:25, 25:17, 19:25)
ТАБЕЛА ПЛЕЈ-АУТ: 1. Шкендија (43); 2. ГОК Борец (35); 3. Сушево (25); 4. Јанта Волеј (15); 5. Вардар (9); 6. Македонија Џио (7).