Само Пелистер засега е недопирлив, Вардар и Алкалоид со важен исчекор!

782

По шестото коло во плеј-офот имаме промени на табелата. Единствен кој засега е недопирлив е актуелниот првак. Пелистер има перфектен скор и со шест победи во исто токолку одиграни меча е на врвот, има 20 бода.

Промената е на второто и третото место. Вардар 1961 и Алкалоид со победите над ГРК Охрид односно Бутел направија важен чекор напред. „Црвено-црните“ се на второто место со 15 бода исто колку и вицепрвакот.

Охрид падна на четвртото место со 14 бода, зад него е ГРК Тиквеш со 13 бода. По овие два тима следуваат Бутел Скопје (4 бода), Пролет (3) и Струга која и натаму има „нула“.

Табелата во плеј-офот допрва ќе се менува, веќе во следното коло за кога се закажани нови интересни пресметки. Со мечевите од седмото коло ќе биде заојружен првиот круг.

ПретходноСтартува најважната ЕХФ-недела за македонските ракометарки
СледноСудии за Куп: Качевски ќе суди на Чаир, Ѓорѓиев “главен“ во Охрид!