Стартува најважната ЕХФ-недела за македонските ракометарки

166

Македонската женска ракометна репрезентација е пред портите на ново Европско првенство. „Црвено-жолтите“ ги делат два меча до пласман на континенталното натпреварување, против Азербејџан на гости и против Литванија на домашен терен.

Нашите ракометарки на првите две средби дојдоа до победа, против Азербејџан славеа со 40-18, додека пак Литванија ја совладаа на гости со 31-28.

Македонија е на втора на табелата во овие квалификации, има четири бода, два повеќе од овие две репрезентации, па останува само да стави печат на европската виза.

Ракометарките прво ќе гостува во Баку на 3-ти овој месец (15:00 часот), а потоа на домашен терен ќе ја пречека репрезентацијата на Литванија, а натпреварот е предвиден да се одигра четири дена подоцна.

 

ПретходноНејмар по 11 години се враќа во Сантос?! (ВИДЕО)
СледноСамо Пелистер засега е недопирлив, Вардар и Алкалоид со важен исчекор!