Јувентус го има најлошиот напад во последните 25 години

144

Јувентус е трет на табелата во Серија А и испадна од трката за титулата па се обидува барем да обезбеди место во ЛШ. Инаку „Старата дама“ еден период беше голем конкурент на Интер за титулата, но почна да паѓа и веќе ги загуби шансите.
Статистиката покажува дека Јувентус го има најлошиот ефект сезонава во Серија А. Со 44 дадени голови го има најлошиот напад во последните 25 години, само во сезоната 1998/99 „Старата дама“ по 30 кола имала полош ефект, но во истиот период имала шест поени повеќе.
Душан Влаховиќ има 15 голови, Киеза седум. Тоа се најдобрите стрелци на „Старата дама“ сезонава. Другите напаѓачи, Киеза, Кин, Милик и Јилдиз заедно имаат 11 голови.
Во отсуство на српскиот напаѓач, екипата тешко постигнува голови. На последните два не успеа ниту еднаш да погоди. Милик не е на потребното ниво, има смо три гола сезонава, а моментално не игра поради повреда. А последната победа на Јувентус е победата на Фросиноне, последниот меч на кој што играше Влаховиќ и кој постигна два гола.
Како споредба, лидерот Интер има 71 гол, Милан кој е второпласиран има 13 повеќе од „Старата дама“. Дури Рома и Аталанта кои се позади Јувентус имаат повеќе голови од торинскиот клуб.

ПретходноБолоња ја победи Салернитана и го продолжи сонот за ЛШ
СледноАндов: Чест е да се биде селектор на женската репрезентација на Македонија