Луис Хамилтон: Сите знаат дека бев ограбен во Абу Даби 2021!

131

Иако минаа 2,5 години од тој настан, од најспектакуларната трка на сите времиња во Формула 1, која решаваше за титулата во таа сезона, сепак Луис Хамилтон сеуште не може да го преболи фактот дека во последните метри од последната трка во Абу Даби, ја загуби титулата.

Па така од тој момент, откако ја освои својата прва титула, Макс Верстапен е неприкосновен во Ф1.Сега има три титули, а само чудо може да го спречи да не дојде и до четвртата во низа:

Дали сум ограбен на таа трка?! Јасно е дека бев. Па, сите знаат што се случи. Во тие тешки моменти за мене ми помогна фактот дека мојот татко беше со мене. Тој ме советуваше и покрај дека ќе морам да одам со дигната глава. Секако дека му честитав на Макс, сите погледи беа кон мене. И натаму кога ја гледам таа трка или кога ќе се присетам на тие моменти, чуствувам болка“ посочи асот на Мерцедес, кој од следната сезона ќе вози за Ферари.

ПретходноМикел Хансен утре ќе објави дека ја игра последната сезона во кариерата
СледноГоран Здравков веќе не е тренер на Брегалница