Рондо потврди дека и става крај на кариерата

99

Ражон Рондо денеска соопшти дека одлучил да и стави крај на професионалната кариера, пренесуваат американските медиуми.

Последниот меч Рондо го одигра пред две години во Кливленд.

„Сега повеќе сакам да поминувам време со моите деца. Доволно заработив во кариерата, сега е време да се грижам за нив“, изјави Рондо.

Во 2006 година, Рондо беше драфтуван како 21-ви пик на драфтот од Феникс, кој го размени во Бостон, со кој ја освои титулата во НБА во 2008 година.

Во текот на кариерата играше и за Далас, Сакраменто, Чикаго, Њу Орлеанс, Атланта и Лос Анџелес Клиперс. Во 2020 година, тој ја освои својата втора титула во НБА со Лос Анџелес Лејкерс.

ПретходноРеал Сосиедад се обидува да го земе Ѓулер на позајмица
СледноРома со ретро-дресови на „Дерби де ла Капитале“ (ФОТО)