Букер им испорача 52 поени на Њу Орлеанс (ВИДЕО)

40

Девин Букер постигна 52 поени во победата на Феникс Санс против Њу Орлеанс од 124-111. Ова беше петти натпревар со најмногу поени во неговата кариера.

Санс (44-31) се доближија до Њу Орлеанс (45-30), кој е на седмото место во Западната конференција, двата тима во недела повторно играат, но во Феникс.

Букер стана првиот НБА играч по Вилт Чембрлен кој постигнал најмалку 50 поени во три последователни натпревари против истиот противник.

Тој постигна 52 поени во победата на Феникс над Њу Орлеанс во јануари постигна и 58 поени против Њу Орлеанс во декември 2022 година.

Во редовите на поразениот тим Зајон Вилијамсон имаше 30 поени.

На останатите средби Шарлот беше поразен од Бостон со 104-118, Детроит – Мемфис 108-110, Индијана – Бруклин 133-111, Орландо – Портланд 104-103, Чикаго – Атланта 101-113, Њу Орлеанс – Феникс 111-124.

ПретходноТажна вест од САД – Поранешен НФЛ ас пронајден мртов
СледноБогдановиќ му се внесе во лице на тренерот, соиграчите ги разделуваа (ВИДЕО)