Аурелио де Лаурентис најде нов спортски директор. Џовани Мана, главниот соработник на првиот човек на спортскиот сектор на Јувентус, Кристијан Џунтоли, е нов директор на наполитанците.
„Мана има нос за пазарот и одлично познавање, особено за младите фудбалери. Тоа го покажа неговото минато на местото технички менаџер на помладите категории на Јувентус“, истакна Де Лаурентис.
Мана ќе седне на позицијата на 1 јули, дури и ако Наполи добие нов тренер.