Поранешниот тренер на Јувентус, Антонио Конте би можел да седне на клупата на Наполи, пишува „Газета дело Спорт“. Според весникот, претседателот на клубот Аурелио Де Лаурентис е во добри односи со Конте, а раководството на „наполитанците“ е подготвено да му даде карт-бланш на стратегот за реализација на трансфер пазарот.
Последен клуб за 54-годишниот Конте беше Тотенхем. Тој го напушти лондонскиот клуб во март 2023. Италијанецот ја предводеше и репрезентацијата на Италија, Јувентус, Челзи, Интер и Аталанта.