Легендата на Милан ќе биде спортски директор на Њукасл?!

108

Големи се шансите легендарниот Паоло Малдини, иконата на Милан и еден од најдобрите бекови во историјата на фудбалот, да биде спортски директор на Њукасл. По најавите дека актуелниот спортски директор на “црно-белите“ Ден Ешфорт, ќе се пресели во Манчестер Јунајтед, раководството на клубот за негов наследник го посакува токму Малдини.

Инаку Малдини до пред извесно време беше во раководните структури на Милан, но доби отказ, а потоа имаше понуди да се пресели во С. Арабија, но Италијанецот тие понуди ги одбиваше.

Се разбира дека ако има официјална понуда од клубот од Премиерлигата, Малдини и тоа како ќе ја разгледа.

ПретходноПерез не знае за доста: Германскиот бисер доаѓа на “Сантијаго Бернабеу“?!
СледноАлегри: Ќе го пребродиме овој тежок период