Мејсон Гринвуд го разочара Јувентус

207

Крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Мејсон Гринвуд ја одби понудата да премине во Јувентус по крајот на сезоната. Како што е познато тој моментално е на позајмица во Гетафе каде игра доста силни партии и тоа го привлече вниманието на многу европски гиганти, а една од нив е и „старата дама“. Се чини, сепак, Англичанецот нема да замине во Торино, тврди „Ла Република“.

Јувентус отворено го искажа својот интерес за Гринвуд. Сепак, крилниот напаѓач јасно стави до знаење дека не се согласува на такво нешто и претпочита да бара други опции за продолжување на кариерата.

За Гринвуд се заинтересирани и Барселона и Атлетико Мадрид. И Гетафе сака да го задржи во своите редови, но тоа ќе биде доста тешка задача, со оглед на големиот интерес и високата цена на Англичанецот. Можноста за враќање на 22-годишниот играч на „Олд Трафорд“ се уште не е целосно исчезната, иако притисоците врз него таму не се особено ласкави и покрај отфрлените обвиненија против него за претепување на својата девојка.

Инаку, Гринвуд од доаѓањето во Гетафе се претстави одлично со 8 гола и 5 асистенции на 28 одиграни натпревари досега. Ова е и една од причините за силниот настап на тимот оваа сезона, бидејќи тие се уште се во конкуренција за Европа, со 38 бодови и заземајќи го 11-то место во Ла Лига.

Претходно„Да не му го украдоа МВП признанието на Јокиќ, сега ќе зборувавме за историја“
СледноФЛЕКС КРЕДИТ и оваа година се закити со статуетка за значаен придонес и поддршка на децата штитеници на СОС ДЕТСКО СЕЛО