Младиот офанзивен играч на Реал Мадрид, Арда Ѓулер, во летниот преоден рок може да замине во друг клуб во потрага по минутажа.
Како што пренесува новинарот Екрем Конур , за 19-годишниот турски плејмејкер е заинтересиран Реал Сосиедад, кој сака да го изнајми талентираниот играч од Мадрид.
Газдите на „бело-сините“ од Баскија планираат да започнат преговори со „кралевите“ околу закупот на Ѓулер на крајот од актуелната сезона. Во актуелната сезона, Арда Ѓулер одигра само 98 минути за Реал Мадрид на седум натпревари во сите натпреварувања, најчесто поради повреди.