Откако утринава и официјално Работнички и Гоце Седлоски ја прекинаа соработката, раководството на клубот од Градски парк набргу го промовираа Горан Станиќ за нив шеф на струката. Некогашниот познат фудбалер, а сега и тренер, попладнево го одработи и првиот тренинг со играчите како шеф на струката. Тука беа и неговите помошници Баже Лазаревски, Бојан Марковски и Матеј Малнков, кој ќе биде тренер на голманите.
Пред Станиќ и играчите е тешка мисија, по четирите порази во серија, Работнички се најде во многу незгодна ситуација на табелата и сега грчевито ќе мора да се бие битка за изборување на опстанокот.