Ѓорѓи Мојсов: Секоја чест за Шкупи, сепак и Тиквеш пoсакува финале во Купот!

658

Денеска на Чаир, со почеток од 15 часот, се игра првиот меч од првото полуфинале во Купот на Македонија. Се среќаваат Шкупи и Тиквеш, реваншот се игра во Кавадарци за две недели. Дека кавадарчани и тоа како си имаат свои сметки говори фактот дека беа три дена во карантин во Скопје, дел од тренинзите ги одработија на теренот на ФФМ. Раководството на клубот им ги овозможи сите услови на момците на стратегот Ѓорѓи Мојсов, се со цел да се дојде до прво историско финале.

Сепак, се знае дека Шкупи е сериозна пречка, за тоа говори и самиот стратег Мојсов за „СпортСпорт“:

Не е тајна дека Шкупи поради историјата на клубот, поради квалитетот на тимот, буџетот, амбициите и се останато, е фаворит на хартија. Затоа сиот респект за еден од најдобрите ако не и најдобар тим во Македонија“ вели Мојсов.

Од друга страна и Тиквеш си има свои амбиции во овој двомеч:

Апсолутно, и Тиквеш си има свои сметки, не криеме дека сакаме финале. Тоа е нашата желба, тоа е желба на Кавадарци, на нашите фанови. Ќе биде тешко, тука нема дилеми, но во последно време Тиквеш има добар скор со Шкупи. Ние сакаме денеска да дојдеме до добар резултат за да во реваншот пред нашата публика се решава патникот за во финалето. Јас сум оптимист, верувам во своите момци, максимално сме подготвени и очекувам добар настап на Тиквеш и поволен резултат по првите 90.минути од ова полуфинале во Купот на Македонија“ заврши Мојсов.

Денешниот натпревар ќе го суди Јован Качевски од Струга, еден од нашите најдобри судии, а ќе има пренос и на МТВ.

ПретходноРазделба со Седлоски, Горан Станиќ на клупата на Работнички
СледноЧави со ултиматум до Лапорта: Две „бомби“ на лето и една во 2025 година!