Македонскиот стратег, Емил Рајковиќ ја запиша 100-та победа во ВТБ-лигата и влезе во специјално друштво во ова натпреварување. Предводникот на ЦСКА Москва е шестиот тренер кој дошол до ова остварување во ВТБ-лигата.
Рајковиќ и тимот од Москва вчера го совладаа тимот на Локомотив Кубан со 86-73 и се изедначија со Уникс Казан на Ненад Димитријевиќ, двата тима имаат скор од 25-9.
View this post on Instagram