Килијан Мбапе и Алфонсо Дејвис веќе се “капарисани“, желбата е и Ерлинг Халанд, Ендрик е веќе тука, но Флорентино Перез не запира. Последните информации од Шпанија и Германија се дека новиот германски бисер Флоријан Вирц (20), напаѓачот на Баер Леверкузен и најдобриот германски фудбалер во моментов, е големата трансферна цел на Реал Мадрид.
Тука своја улога ќе одигра и моќниот Адидас, кој ги “облекува“ Баер и Реал, и секако дека си има свои сметки. Како што се вели Вирц ако не може сега да дојде во Мадрид, тогаш тоа сигурно ќе го направи во јуни 2025 година.
Навистина овој Реал има намера да направи тим кој што веројатно ќе биде најдобар во историјата.